25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Почина Нишел Николс, актерката најпозната по улогата на поручник Ниота Ухура во „Ѕвездени патеки“

НАЈЧИТАНО

Нишел Николс, актерката најпозната по улогата на поручник Ниота Ухура во „Ѕвездени патеки“, почина на 89-годишна возраст. Веста за нејзината смрт на социјалните мрежи ја објави нејзиниот син Кајл Џонсон.

„Со жалење ве известуваме дека светлината на небесниот свод не свети како толку многу години. Синоќа мајка ми Нишел Николс почина од природна смрт. Но нејзината светлина, како древните галаксии кои дури сега ги гледаме првпат, ќе остане со нас и идните генерации за да уживаме во тоа, да учиме од него и да се инспирираме од него“, напиша тој.

Улогата во „Ѕвездени патеки: Оригинална серија“ од 1966 година ја одбележа кариерата на Нишел Николс. Таа со својата работа успеа да ги заобиколи втемелените предрасуди со кои се соочуваа црнците во тогашниот телевизиски и филмски бизнис.

Николс, пишува „Гардијан“, се гордеела со познанството со Мартин Лутер Кинг, кој бил обожавател на серијата и кој често ги фалел нејзините улоги.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО