2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Починатиот мигрант заедно со уште две лица наплаќале по 800 евра за да пренесуваат други мигранти

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место во близина на македонско-грчката граница, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на мигрант, информираат од Основното јавно обвинителство.

„Смртта на мигрантот ја пријавиле група други мигранти, според чии тврдења сега покојниот заедно со уште две лица им наплаќале по 800 евра за да ги пренесат од Република Грција во земјава, а потоа со товарен воз кон границата со Република Србија. Кога ја поминале македонско-грчката граница, кај граничниот камен 53, тројцата организатори се скарале меѓусебе при што едниот извадил остар предмет и му задал убод на оштетениот. По ова, дел од мигрантите и напаѓачот избегале од лице место, додека неколкумина останале и се обиделе да му помогнат на оштетениот кој набрзо починал“, се вели во соопштението од ОЈО.

Со цел да се утврди фактичката состојба и идентитетот на починатото лице, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, ДНК анализа и споредба на папиларни линии. Кај починатиот бил пронајден документ за престој во Република Грција чија веродостојност се утврдува, како и мобилен телефон кој е даден на вештачење.​

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, при што во декември таа изнесува 4,44%.  Просечната каматна стапка на вкупните депозити исто така бележи раст...

Дикаприо нов вид змија именувал по својата омилена жена

Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо на новооткриениот вид змии му дал име по својата омилена жена. Актерот и екологист ја доби честа да именува нов...

Високи нивоа на микропластика откриени во операционите сали

Научниците открија високи нивоа на микропластика во операционите сали како резултат на „неверојатно високата“ количина пластика за еднократна употреба што се користи во современите...
spot_img
spot_img
spot_img