23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

Потребни се преговори пред Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО

НАЈЧИТАНО

Советникот на турскиот претседател за надворешна политика Ибрахим Калин изјави дека Анкара „не ја затвора вратата“ за приклучување на Финска и на Шведска во НАТО.

– Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и на Финска во НАТО, но сака да преговори со тие нордиски земји и сузбивање на терористичките активности, посебно во Стокхолм, наведе Калин.

Тој додаде дека тоа е значително прашање за безбедноста на Турција.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но оти нема позитивно мислење за тоа.

– Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации, истакна Ердоган.

Иако Турција вообичаено одржува добри односи со Финска, таа имаше некои несогласувања со Шведска поради поддршката на скандинавската земја на сирискиот огранок на Курдската работничка партија и нејзиното спротивставување на турските прекугранични операции против терористичката група во северна Сирија.

Турција традиционално ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО за натамошно проширување. Сепак, Анкара задржа неутрална позиција во украинската криза и ја презеде улогата на посредник одржувајќи канали за комуникација со двете завојувани страни.

Од почетокот на конфликтот, Анкара понуди да посредува меѓу двете страни и да биде домаќин на мировните преговори, нагласувајќи ја својата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО