Потпишан Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Беким Сали и министерот за образование, Јетон Шаќири денеска во Владата на Република Северна Македонија, го потпишаа Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост. Со Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост се доуредува начинот на функционирање на стручните тела за проценка, начинот на вршење на проценката, како и начинот на остварување на дополнителната поддршка од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и заштитата на децата. Правилникот беше подготвуван во изминативе три години со меѓусебна соработка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија, а со поддршка на УНИЦЕФ.

„Големо достигнување е што секторите за здравство, образование и социјална заштита во Северна Македонија работат заедно на унапредување на правата и подобрување на животниот стандард на децата и младите со попреченост. УНИЦЕФ е подготвен да продолжи со поддршка на Владата и на заедниците”, рече Патриција Ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на настанот, нагласи дека мерките за дополнителната поддршка и услугите за децата со попреченост од денеска ќе се обезбедуваат врз основа на наод и мислење на стручните тимови за функционална проценка и стручните тимови за координација и следење на спроведувањето на функционална проценка.

„Денеска сме заедно тука да го заокружиме процесот со донесување на Правилникот за функционална проценка, со кој го пропишуваме начинот на спроведување на проценката, како и мерките за дополнителна поддршка од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и заштитата на деца и млади со засегната здравствена состојба до 26 годишна возраст. Тука денеска пишуваме историја, заедно ја менуваме реалноста на лицата со попреченост. Заедно ги прошируваме хоризонтите. Но, тука не застануваме! Почитувани, сакам да ве известам дека веќе се подготвува предлог Закон за единствен систем за проценка, со што лицата со попреченост само еднаш ќе треба да одат на проценка и со тоа мислење ќе можат да пристапат кон сите права кои им следуваат по основ на различни закони. Во план е воведување на професионална рехабилитација и работно оспособување. Нашата цел е лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на труд, но и да ги задржат нивните работни места“, потенцираше министерката Тренчевска.

Министерот за здравство, Беким Сали појасни дека за воведување на овој модел за функционална проценка на деца и млади, развиен во согласност со Меѓународната класификација на функционирањето, биле спроведени низа активности во насока на усогласување на легислативата во нашиот здравствен систем. Министерот Сали се осврна на работата и функционирањето на Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен дом Скопје, која како што рече, започнала со работа пред две години, со што и официјално почнал процесот за целосно воведување на системот за функционална проценка во државата. Според министерот Сали, главна задача на надлежните стручни тела е систематски да ги собираат достапните информации за детето и неговата околина и да применуваат процедури за мерење на функционирањето и за проценка на неговата основна здравствена состојба. Говорејќи за работата на Службата за функционална проценка на деца и млади, министерот Сали истакна дека досега стручните тела реализирале над 2.100 проценки, а паралелно почнале и со издавање на контролни проценки.

„Со заокружувањето на постапката за отворање на сите регионални стручни тела се очекува многу поголем број на извршени проценки кои треба да ги задоволат реалните потреби. Во однос на трошоците за вршење на проценката, напоменуваме дека родителите се ослободени од секакви плаќања за вршење на проценката. Покрај овие активности, Министерството за здравство и понатаму ќе вложува напор за подигнување на свеста на здравствените работници и зајакнување на капацитетите на јавно здравствените установи како одговор на потребите на лицата со попреченост“, рече министерот Сали.

Според министерот за образование и наука, Јетон Шаќири Правилникот е важен инструмент за подигнување на степенот на инклузивност на националниот образовен систем. Како што рече, во него прецизно се дефинирани сите чекори од првично проценување на потребите на ученикот, до одредување на типот на поддршка и обезбедување на таа поддршка низ образовните установи.

„Полесно ќе се изработува индивидуален образовен план за работа со ученик со попреченост и модифицирана програма, а воедно и полесно ќе се дефинира инклузивниот тим, односно ќе се одредува каков тип на стручен кадар треба да работи со тој ученик, дали ќе биде потребна образовна асистенција, или пак ќе се ангажира личен асистент“, потенцираше Шаќири.

На настанот се обратија и Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост, како и Горан Петрушев, раководител на Службата за функционална проценка на деца и млади при Здравствен Дом-Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img