-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Потпишана набавка вредна 95 милиони долари

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на опрема, обука и други предмети поврзани со поддршката на системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Тајван. Набавката е вредна околу 95 милиони долари, соопшти Пентагон. Пакетот ќе вклучува обука, планирање, распоредување, распоредување, операција и одржување на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и поврзаната опрема, објави американското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на Пентагон го информирала Конгресот за можната продажба, но и покрај одобрението на Стејт департментот, во известувањето не се посочува дека договорот е веќе потпишан или дека преговорите се завршени, наведува Ројтерс.

Според Законот за односи со Тајван Пентагон треба да ги поддржи напорите на Тајван да се заштити себеси, но не бара американската војска да го брани Тајван доколку биде нападнат. Тоа значи дека Белата куќа или американскиот Конгрес би можеле да сметаат дека продажбата на оружје и обуката се доволни за исполнување на обврските од Законот за односи со Тајван.

Кинеско-тајванските воени односи се најлоши во последните 40 години, изјави претходно тајванскиот министер за одбрана Киу Куо-ченг. Кина во неколку наврати го предупреди Тајван дека ќе биде нападнат, а стравувањата од кинеско преземање траат со години бидејќи Кина продолжува да ги проширува своите воени капацитети и сè повеќе ја предизвикува американската глобална хегемонија, пишува Дејли мејл.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Филмска потера во Србија: Четворица киднапирале млад човек, барале 200.000 евра откуп

Младо момче (18), кое четворица киднапери, од кои едниот малолетник, насилно го внеле во автомобил, а потоа од родителите побарале 200.000 евра како откуп,...

Балканот го зафати снежно невреме: Во Србија над 25.000 луѓе останаа без струја

Патиштата беа затворени, а повеќе од 25.000 луѓе во Србија останаа без струја поради бурните ветришта и снежното невреме во неделата, додека во Црна...

Ева Лонгорија во слободното време се колне во модните тренерки

Холивудската актерка Ева Лонгорија секогаш е негувана од глава до пети на црвените теписи, а во слободното време повеќе сака да скока во нешто...
spot_img
spot_img
spot_img