16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Потврден нов случај на африканска чума во земјава

НАЈЧИТАНО

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека е потврден нов случај на африканска чума. Според Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина, болеста е регистрирана во селото Моштица, општина Македонска Каменица, на фарма со екстензивен начин на чување свињи.

АХВ за новиот случај на африканска чума веќе ги известила одгледувачите на свињи.

– По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичната зона (сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија ), во зоната на заразено подрачје (ги опфаќа ловиштата во радиус од 20 километри од примарното жариште) и целата територија на Република Северна Македонија.

– За појавата на ново жариште на африканска чума кај свињите АХВ официјално ги извести Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија, напоменува Бабовски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО