25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Потврдени преговорите меѓу ѕвездите на Баерн и Ливерпул

НАЈЧИТАНО

Потврдени преговорите меѓу ѕвездите на Баерн и Ливерпул
Баерн сака да го донесе Сади Мане од Ливерпул ова лето, тврди новинарот на германскиот Скај спорт, Флоријан Плетенберг.

„Како што беше најавено, сега конечно е потврдено: Салихамиџиќ (спортски директор на Баерн) го сака Мане! Тој е топ трансфер на Баерн за летото. За плановите бил информиран и тренерот Џулијан Нагелсман. Тоа е врвна тајна во клубот и се водеа првите разговори“, напиша Плетенберг.

Мане игра на позицијата крилен напаѓач, а германскиот новинар пред неколку дена најави дека Ливерпул и Баерн би можеле да трампаат со играчите, Сенегалецот ќе дојде во Минхен, а Серж Гнабри во Ливерпул… но таа опција сега не се споменува.

Ливерпул, со кого има договор до јуни 2023 година, не е подготвен да го пушти само така, иако неговиот агент веќе е во преговори со Германците, а „Кикер“ пишува дека е виден на „Алиланц арената“.

Според Трансфермаркт, Мане вреди 80.000.000 евра, но прашање е за која цифра би го пуштил англискиот клуб.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО