7.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Потврдена понуда за Милан, прва мета на новите сопственици на Донарума!

НАЈЧИТАНО

Во екот на борбата за шампионската титула, интересни работи му се случуваат на Милан. Росонерите не само што се на прагот на првото Скудето по 11 години, туку се и на прагот да добијат нов сопственик, а со тоа и нова трансфер политика.

Она што последните денови се пишуваше за преговорите на Инвескорп од Бахреин и Елиот за купување на Милан доби и официјална потврда. Амбасадата на Бахреин во Лондон потврди дека Инвескорп е во преговори за купување на седумкратниот европски шампион и дека понудата е околу 1,1 милијарда евра.

Со оглед на тоа што Елиот го доби Милан за помалку пари од претходниот сопственик Ли Јонгхонг, кој го доби клубот во име на неисполнетите обврски на контроверзниот кинески бизнисмен кон американскиот фонд, со сигурност може да се каже дека Елиот е сериозно во искушение да ја прифати понудата. Да потсетиме, главната цел на американскиот инвестициски фонд кога го презеде раководството на Милан беше да ја зголеми својата вредност преку намалување на трошењето (особено во делот на заштедите кога се во прашање платите на играчите) и подобрување на спортските резултати.

Бидејќи Елиот успеал во таа намера, реално е да се очекува да го продадат клубот и да се задоволат со значителен профит. Од друга страна, Инвескорп се вели дека е многу амбициозен во однос на раководењето со Милан. Се споменува буџетот за трансфери од 300 милиони евра, а како што пренесува француски L’Equipe, прва желба на новите сопственици е враќањето од Париз на Џанлуиџи Донарума, кој минатото лето како слободен играч замина во ПСЖ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО