8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Постои опасност за уривање на дел од браната „Липа“

НАЈЧИТАНО

До ЦУК пристигнала пријава од Општина Неготино дека браната „Липа“ во неготинскиот реон е оштетена, по што директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изврши увид на истата. Оштетена е браната кај неготинското село Липа. Со цел да се утврди состојбата на терен и соодветно да се реагира за да не се доведат во опасност луѓе и имоти, денеска увид на оштетената брана изврши директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Денес ја посетив браната, извршив увид на истата и од она што можев да видам е дека состојбата е многу сериозна, затоа што во долниот дел на браната којашто е насипна брана направена од земја и ситни камења на повеќе места истекува вода која во текот на наредните денови може да ги прошири отворите од каде истекува и да ја загрози целата конструкција на браната и да дојде до делумно рушење на браната – изјави Ангелов.

Ангелов додаде дека во опасност се луѓето, добитокот но и патот кој се наоѓа во непосредна близина на браната.

– Има луѓе кои напасуваат добиток и во случај на рушење на дел од браната и по истекување на водата тие луѓе би биле загрозени но и добитокот како и патот кој спојува неколку локални села – додава Ангелов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО