8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Поранешниот сопруг на Бритни: Децата не сакаат да ја видат, се срамат од неа

НАЈЧИТАНО

Поранешниот „Господин Спирс“, Кевин Федерлајн, по десет години молчење, реши да зборува за својот бурен живот за време на бракот со Бритни Спирс во серија ексклузивни интервјуа. Тој откри дека синовите што ги има со Бритни, Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15), не ја виделе својата мајка со месеци и не присуствувале на нејзината неодамнешна венчавка со Сем Ашгари. Федерлајн наведува дека момчињата сами го решиле ова, а една од причините е срамот што го предизвикува нивната мајка кога ги објавува своите разголени фотографии на Инстаграм. Исто така, Федерлајн верува дека конзерваторството што таткото на Бритни Џејми го имал над неа било од корист за неа.

Кевин Федерлајн беше резервен танчар на Спирс во раните 2000-ти. Поголемиот дел од нејзиниот живот, пејачката беше во центарот на вниманието, а Федерлајн и се придружи на таа сцена кога почнаа да се забавуваат во 2004 година. Тие беа во брак две години, во кои добија два сина. По распадот на бракот, пишува „Дејли мејл“, танчарот се обидел да ги држи синовите подалеку од правните спорови, проблемите со менталното здравје и распадот на семејството на нивната мајка.

– Целата оваа работа беше тешко да се гледа, уште потешко да се преживее, а најтешко беше да ги гледам моите момчиња како поминуваат низ неа. Тоа е најпредизвикувачкото нешто што некогаш сум морал да го направам во мојот живот, коментира тој за контроверзното конзерваторство што таткото на Бритни, Џејми Спирс, го имаше над својата ќерка цели 13 години, а по болната правна битка, заврши во ноември минатата година.

Во серијата интервјуа што ќе се емитуваат на ITV, Кевин рече дека влијанието на јавните проблеми на Бритни врз нивните синови е неговата главна движечка сила. Иако живеат во куќи лоцирани недалеку една од друга во Лос Анџелес, момчињата не ја гледаат и не сакале да одат на свадбата на Бритни во јуни.

Откако беше ослободена од конзерваторската служба на нејзиниот татко, според која тој имаше контрола врз поголемиот дел од нејзиниот финансиски и личен живот, 40-годишната Бритни остана во центарот на глобалното внимание. Таа почна да ги споделува своите разголени фотографии на социјалните мрежи, поради што Кевин се чувствува дека мора да им се извини на своите синови.

„Се обидувам да им објаснам дека можеби тоа е само уште еден начин на обид да се изрази, но тоа не го намалува ефектот што го има врз нив. Тешко е. Не можам да замислам какво е чувството да се биде тинејџер и да се оди во средно училиште“, тврди тој, но додава дека момчињата ја сакаат својата мајка.

Тој наведува дека единствен мотив за оваа изјава му е да ја прикаже досега нераскажаната страна на оваа шоу бизнис приказна.

Животот на 44-годишниот Федерлајн сега не е ни приближно хаотичен како што беше за време на неговиот брак со светската суперѕвезда. Тој живее мирно со своите деца и со сегашната сопруга Викторија, девет години помлада од него, поранешна одбојкарка.

Федерлајн има вкупно шест деца. Во претходната врска со актерката Шар Џексон ги имаше Кори (20) и Кејлеб (18), потоа дојдоа Престон и Џејден со Бритни, а Викторија ги роди ќерките Џордан (11) и Пејтон (8). Тој вели дека сите негови деца одлично се сложуваат и дека се блиско семејство.

Престон и Џејден се уметнички наклонети и покажуваат дека ги наследиле креативните особини на нивните родители. Престон почна да произведува музика и сака да оди на часови по гитара, а Џејден е страствен пијано свирач.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО