2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Поранешниот претседател на САД собира пари за избори

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Поимотните поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него за суми кои достигнуваат и до 250.000 долари, а собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува Гардијан.

Акцијата за собирање пари, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на имотот на Трамп во Палм Бич, Флорида, пишува британскиот весник.

Организацијата која собира пари за неговата кандидатура супер ПАЦ испрати покани до сите потенцијално заинтересирани.

„Иако на настанот ќе присуствуваат републикански кандидати за Конгресот, собраните пари ќе бидат искористени исклучиво за супер ПАЦ на Трамп“, пишува Гардијан.

За 250.000 долари (125.000 по лице), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да останат две ноќевања на неговиот имот на Флорида.

За 100.000 долари тие добиваат фотосесија со Трамп, но ќе вечераат со поддржани кандидати за Конгресот, а не со поранешниот претседател.

За 50.000 долари гостите ќе добијат вечера, фотографија со поддржани кандидати, а за 5.000 долари се добива само присуство на вечера, додава Гардијан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест. – Борбата продолжува со надеж дека ќе...

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...
spot_img
spot_img
spot_img