Поранешниот градоначалник на Битола ќе одлежи 4 години

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кој е осуден на ефективен затвор од 7 години, од вчера е спроведен во прилепскиот затвор каде што ќе ја издржува казната, по три години поминати во домашен притвор.

Неговиот прв соработник, секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски, е спроведен во битолскиот затвор „Црн Мост“.

Поранешниот градоначалник на Битола заедно со секретарот Бончановски, се ефективно осудени за злоупотребите во случајот „Транспортер“ со бесплатниот школски превоз. По маратонското судење кое траеше неколку години, Талески најпрво беше осуден на осум години затвор, а Апелација му ја намали казната на седум години.

Тој помина три години во домашен притвор, па така за издржување казна затвор му останаа уште четири години.

Исто толку години во домашен притвор помина и Бончановски, кој беше осуден на шест и пол години затвор, но како и Талески и тој од Апелација доби намалување на казната во траење од една година.

Останатите 20 обвинети во случајот „Транспортер“ се ослободени, или осудени на условни казни затвор.

Покрај затворските казни, осудените ќе треба да ја надоместат штетата која ја претрпи Општината Битола во износ од 360.000 евра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Османи повикува да се вратиме на позитивниот дијалог

„Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори денеска Бујар Османи на новинарско прашање дали македонското МНР ќе испрати протестна нота...

Јован Тозиевски ,Градоначалник на Општина Ресен-Искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и...

Изразувам искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и се случи на нашата...

Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img