2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Поранешниот главен командант на НАТО објаснува како Путин може да победи

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Украинските воени сили би можеле да бидат буквално сомелени во малото гратче Бахмут, во кое Русите уште се обидуваат да продрат, а кое може да биде „огнена стапица“. Со вакви зборови поранешниот  врховен командант на НАТО, Весли Кларк, за Си-Ен-Ен ги опишува битките во ова место кое сè повеќе се наоѓа во извештаите на аналитичарите. Кларк вели дека ако во градот има огромни човечки загуби тоа е шанса Владимир Путин да може да го принуди Киев на прекин на огнот.

– Ако го заземат Бахмут, тоа ќе им ја отвори вратата кон Краматорск и кон Славјанск. Тоа им обезбедува терен за мелење на Украинците. Ако можат да ги притиснат Украинците, ако можат да ги притиснат да го прекинат огнот, тогаш Путин победува. Русите претрпуваат големи загуби, Украинците мораат да издржат, така што ова е мелница за месо.

 

 

Руските сили по долго време направија пробив кон Бахмут што беше забележано и во извештајот на американскиот Институт за проучување на војната ИСВ. Сепак, институтот вели дека пробивот не е толку голем колку што Русите го претставуваат.

„Малку е веројатно дека руските трупи се движеле со темпото за кое известуваат руските извори“, пишуваат експертите.

Битката за Бахмут е долга и крвава и трае од месец мај, но сега овој град добива клучна стратешка улога. Според Њујорк Тајмс, Бахмут е крвав вртлог и за двете војски.

„Напорите на Русија околу Бахмут покажуваат дека руските сили во голема мера не успеале да научат од претходните кампањи со големи жртви, насочени кон цели од ограничена оперативна или стратешка важност. Од крајот на мај, Русија континуирано користи борбени сили за да заземе мали населби околу Бахмут, но за шест месеци успеа да се пресели само неколку километри“, се вели во написот на ИСВ според кој ова само ќе ги исцрпи Русите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img