27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Поранешната порно-ѕвезда Џена Џејмисон успеа да стане на нозе

НАЈЧИТАНО

Џена Џејмисон, една од најпознатите порн- актерки во светот, закрепнува по мистериозната болест поради која неколку месеци ја изгубила способноста да оди, пишуваат странските медиуми.

Поранешната порно-ѕвезда оваа недела објави видео на кое може да се види како оди без помош, со цел да им покаже на своите фанови колку напредувала.

„Сакам да ви покажам дека можам да одам без помош. Мислам, не одам совршено, но барем сум на нозе“, рекла Џена.

Следниот ден пристигнала нова порака.

„Се чувствувам подобро. Можам да одам прилично добро“, напишала таа.

Пред неколку месеци Џејмисон им кажа на обожавателите дека болеста не ја оставила парализирана и дека „прави чекори“ со помош на патерици и справи. Поради проблемот веќе со месеци ја мачи несоница.

„Чудно е. Кога легнувам да спијам, имам силни болки, болки со прободување. Не знам дали е тоа повторно поврзување на нервите или што, но навистина е тешко да се заспие“, признала поранешната порно-актерка.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО