2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Поранешната градоначалничка на Арачиново победила на конкурс

НАЈЧИТАНО

Поранешната градоначалничка на Арачиново Миликија Халими победила на конкурс и ќе биде вработена како инспекторка во Царинската управа, објави Телма.

Халими имала завршено средно медицинско училиште, а во огласот за вработување не е прецизирано какво средно стручно образование се бара. Во огласот не се бара никакво работно искуство, а потребно е знаење на англиски, германски или француски јазик. Огласот бил распишан на 5. септември, во понеделник и траел само три работни дена. За ова работно место предвидена е плата од 29.823 денари месечно.

Од царината потврдиле дека Халими наскоро почнува со работниот ангажман.

„Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование, согласно Правилникот за систематизација“, одговориле за Телма од Царинската управа.

Халими победи на локалните избори во Арачиново како кандидат на СДСМ и беше градоначалничка во еден мандат. Во меѓувреме истече периодот во кој примаше апанажа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО