5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Поради короната го затворија градот со шест милиони жители!

НАЈЧИТАНО

Женгжу, град во централна Кина, кој е дом на џиновска фабрика за iPhone, нареди шест милиони луѓе да се затворат откако порастот на случаите на Ковид-19 предизвика жестоки протести во индустрискиот центар.Стотици работници протестираа пред фабриката и беа соочени со полиција вооружена со палки и облечени во бели комбинезони за да се заштитат од инфекција.

Веднаш потоа, градските власти наредија голема кампања за тестирање на коронавирус во неколку населби, кои беа затворени пет дена, почнувајќи од полноќ во петокот.

Жителите од центарот на градот повеќе не можат да ја напуштат својата населба без негативен ПЦР тест и дозвола од локалните власти. Им беше препорачано да не го напуштаат соседството, „освен ако е апсолутно неопходно“.

Мерките зафатија околу половина од населението на Женгжу и не се однесуваат на делот од градот во кој се наоѓа фабриката за iPhone, каде работниците веќе неколку недели се подложени на строги мерки.

Како дел од нејзината политика „нулта ковид“, која Кина немилосрдно ја применува, дури и најмалото зголемување на инфекцијата резултира со затворање на цели градови и задолжителен карантин за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот.

Но, за повеќето луѓе, оваа стратегија предизвикува замор, отпор и незадоволство.

Министерството за здравство во четвртокот објави нов рекорден број на позитивни случаи во последните 24 часа – 31.444 локални случаи, од кои 27.517 биле без симптоми.

Сепак, овие бројки се многу мали во споредба со 1,4 милијарди жители на Кина и бројките во западните земји, пишува Франс прес.

Кинезите се прашуваат: Мундијалот во фудбал е на друга планета?

Кинеските државни медиуми посветуваат големо внимание на фудбалот, но натпреварите предизвикуваат фрустрации кај жителите кои сметаат дека се изоставени од овие настани.

Иако кинеската репрезентација не се квалификуваше за натпреварувањето, сцените на прослави без маски и собири во Катра ги иритираат гледачите кои упорно се повикуваат да не се собираат за да ги гледаат натпреварите.

Многумина го искористија првенството за да се пожалат на кинеската анти-ковид-стратегија на социјалните мрежи, во земја каде фудбалот е многу популарен. Годинава тие се чувствуваат силно изолирани додека другите гледачи можат слободно да го следат првенството на начин како што сакаат.

Според коментарите на социјалната мрежа Веибо, се гледа дека Кинезите се чувствуваат силно одвоени од остатокот од светот, пишува Би-Би-Си.

Некои велат дека е чудно да се видат стотици илјади луѓе кои се собираат без маски или сертификати за ковид. „Оваа планета навистина се подели“, се вели во коментарот.

„На едната страна на светот се одржува Светското првенство, на другата има правила кои забрануваат јавни места пет дена“, се вели во еден коментар.

Некои во Кина сè уште се критични кон земјите што се отвораат додека СЗО продолжува да зборува за Ковид-19 како „глобална светска закана“.

Летовите меѓу Катра и Кина се строго ограничени со цел да им оневозможат на оние кои сакаат да ги следат натпреварите во живо.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО