27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Популарната хрватска плажа загадена со измет, не се препорачува пливање

НАЈЧИТАНО

На плажата во селото Приградица на хрватскиот остров Корчула е забележано краткотрајно загадување на морето со фекалии, поточно со бактеријата ешерихија коли (E. coli). Оттаму не се препорачува пливање до понатамошно известување, соопшти денеска Дубровничко-неретванската жупанија.

Загадувањето со фекалии е потврдено со истрага за квалитетот на морето на ова капење, што по петти пат сезонава го спроведе Хрватскиот завод за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, јавува Н1 Загреб.

„Утврдено е дека резултатите од анализата на морето за капење на капалиштето Приградица ги надминуваат граничните вредности за микробиолошкиот индикатор Ешерихија коли“, наведуваат од Институтот. Земањето мостри од морето ќе се повторува се додека не престане загадувањето, а за загадувањето е известена и инспекцијата за заштита на животната средина и другите надлежни инспекции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО