20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Популарната Касандра приклучена на боца на кислород

НАЈЧИТАНО

Латиноамериканската актерка Кораима Торес, која е најпозната во светот по улогата на Касандра од култната шпанска серија, ги загрижи своите фанови со својата најнова објавена фотографија на Инстаграм на којашто се гледа како прима кислород.

Таа напиша дека е хоспитализирана поради респираторни проблеми, но дека наскоро ќе ја напушти болницата и ќе си оди дома.

„Бев во болница поради респираторни проблеми. Сега конечно си одам дома. Сега ќе внимавам многу повеќе. Ви благодарам на сите за пораките, многу ми помогнаа“, напиша Кораима.

Мегапопуларната серија „Касандра“ се емитуваше пред повеќе од 20 години на нашите телевизиски екрани.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО