9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Поплавени улици, уништен бостан во Струмица

НАЈЧИТАНО

Од невремето кое го зафати Струмичко во попадневните часови поплавени се повеќе улици во долниот дел на градот околу улицата „Младинска“, како и повеќе подруми, а силниот ветар урна и неколку дрвја.

Од села под планината Беласица има информации дека од градот настрадале посеви на отворено, а најмногу штети имало врз бостанот.

Спопред информациите од ТППЕ Струмица, тие досега имале осум интервенции и сите се за испумпување на вода од подрумските простории, а исто така интервенираат и екипи на „Комуналец“ на улици во градот.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов потврди дека екипи на противпожарната единица и комуналното претпријатие се на терен и интервенираат на неколку локации во градот и превентивно низ населените места. Тој упати апел за смиреност кај граѓаните и ги повика тие што имаат поголеми штети предзвикани од невремето да ги пријават лично кај него или во Општината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО