22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Помал авион принудно слета на автопат во Словенија

НАЈЧИТАНО

Помал авион принудно слетал на автопатот кај Брежје во правец кон Јесенице во Словенија.Според полицијата во Крањ, во авионот имало две лица кои не се повредени. Оттаму додаваат дека делот од патот каде што се случи принудното слетување е обезбеден.Како што соопштија од Словенечката служба за безбедност и спасување, околу 14 часот и 30 минути добиле дојава дека авионот принудно слетал на автопатот. Според извештаите, авионот при слетувањето удрил во ограда и се превртел.

Луѓето во авионот успеале сами да излезат од него.На местото на настанот се пожарникари од Крање и Јесенице, како и членови на доброволната противпожарна служба од Радовљица.

Според аеродромот Леска, авионот полетал од нивната писта и се било во ред додека не ја изгубиле комуникацијата со него. За време на летот, пилотот се поврзал со фреквенцијата на словенечката служба за контрола на летање.

Според информациите до кои дојде N1 Словенија, авионот имал проблеми со моторот. Пилотот пријавил дека принудно слетал и тоа го направил на автопатот.

Понатамошната истрага ќе утврди дополнителни детали во врска со овој настан.

Засега е познато дека авионот летал на околу 300 метри надморска височина, во регион кој не е контролиран од словенечката контрола на летање и каде претежно летаат спортски авиони.Сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива по една коловозна лента, а метежот е во правец на Јесенице.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО