16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Полјоделците се жалат на ниската откупна цена на пченицата

НАЈЧИТАНО

Жетватата на пченицата е во полн ек, но и оваа година полјоделците се соочуваат со истите маки. Откупната цена е многу ниска 18 денари по килограм. Според трошоците за производство таа треба да изнесува минимум 23 денари по килограм, е ставот за тековната жетва на пченицата на Националната федерација на фармери.

Според статистичките показатели производството на пченица опаѓа од година во година, се наведува во денешното соопштение од НФФ и се додава дека за период од последните 19 години производството е опаднато за просечни 20 проценти, а од најголемиот подем во 2004 година со 356.825 тони до 200.112 тони во 2019 година, разликата е 44 проценти.

– Најголема причина за ваквата ситуација е што производната цена со години се зголемува, оваа година со поскапувањета е драстично зголемена и според пресметката направена на Националната федерација на фармери во март 2022 година таа изнесуваше 20-23 денари по килограм, но сега со поскапувањата на горивата таа е уште зголемена. Продажната цена во моментот на пазарот изнесува 18/19 денари по килограм, а Националната федерација на фармери со години бара да се воведе интрвентен откуп на пченица кое согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кога продажбата е поголема од откупната цена на пченицата – потенцира Мемет Синани, полјоделецв од полошкиот регион и член на управниот одбор на НФФ.

Земјоделците од велешкиот, пелагонискиот и полошкиот регион, како што стои во соопштението, сметаат дека таа е со солиден квалитет, но приносите се намалени.

Националната федерација на фармери преку својот потсекторски систем ги анализира состојбите со пченицата и предизвиците со кои се соочуваат полјоделците. Најголем проблем со кои се се соочувуваат полјоделците, посочуваат, се климатските промени, односно брзите промени на температурата. На ваков начин, како што велат земјоделците, се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, a се појавуваат и болести. Голем проблем за нив е продажната цена односно со години на назад производната цена е повисока од продажната.

– Она што посебно претставува проблем за полјоделците оваа година се зголемените цени за нафта, бензин и ѓубрива за прихранување. Според пресметката на НФФ производната цена за пченица оваа година во зависност од регионот изнесува од 20 – 23 мкд по килограм – вели Стеванче Јорданоски, поледелец од пелагонискиот регион и член на УО на НФФ.

Во соопштението се појаснува дека пченицата е единствениот производ во Македонија кој има стратешко значење кое е дефинирано во Законот за земјоделство и рурален развој, а пченицата е најважната култура која има најголем удел во вкупната површина под жита од околу 63 проценти во 2021 година.

Според податоците добиени од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство просечното годишно производство на пченица во периодот 2014-2020 изнесува околу 235.000 тони што е намалување од околу 16 проценти во однос на периодот пред 2014 година кога просечното годишно производство изнесуваше околу 281.000 тони. Северна Македонија за да ги задоволи своите потреби увезува пченица. Најголемиот увоз на пченица имаме од Србија која е најголемиот регионален производител (Војводинската житница).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО