22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Полицијата ширум Европа уапсила околу 130 лица осомничени за шверц на луѓе

НАЈЧИТАНО

Полицијата ширум Европа уапсила околу 130 лица осомничени за шверц на луѓе, соопшти во вторникот Европол.

Во минатонеделната заедничка операција учествуваа 22 земји, при што беа идентификувани повеќе од 100 можни жртви на трговија со луѓе, се наведува во соопштението за печатот.

За време на операцијата, која беше координирана од европската агенција за заштита на границите Фронтекс, речиси милион луѓе и околу 200.000 возила беа проверени на копнените и поморските граници и на аеродромите.

Во оваа сеопфатна акција, покрај 15 земји од ЕУ, учествуваа и Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Украина, Велика Британија и Лихтенштајн. Беа ангажирани околу 22.500 полицајци.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО