15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Полицијата во Њујорк открива уште детали од инцидентот

НАЈЧИТАНО

Полицијата на американската држава Њујорк соопшти дека британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди се здобил со убодна рана во вратот, откако денеска беше нападнат на сцена.

По нападот тој со хеликоптер бил пренесен во локална болница. Напаѓачот е во полициски притвор.

Според репортерот на Асошиејтед прес, кој бил во зградата на институцијата Чаутаука во северниот дел на Њујорк, каде што Ружди требаше да одржи предавање, изјави дека видел човек како трча на сцената и почнал да „го удира или прободува“ Ружди.

Очевидци наведуваат дека присутните веднаш скокнале врз напаѓачот и го одвлекле и му пришле на помош на Ружди и му ги кренале нозете во воздух.

Лекарката која била на настанот, каде неименуваниот напаѓач се обидел да го убие писателот, изјави за Њујорк Тајмс дека Ружди бил избоден повеќе пати, вклучително и еднаш во десната страна на вратот. Веднаш по нападот под неговото тело се формирала голема локва крв. Таа вели дека и покрај бруталниот напад, Ружди дишел и имал пулс.

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, му оддаде почит на полицаецот кој, како што рече, „го спасил животот на Ружди“ на вонредната прес-конференција одржана по обидот за атентат врз Ружди.

Таа го опиша Геад Чаутаукуа, каде што се случи нападот, како „многу тивка рурална заедница“ и „идеално место за говори на истакнати личности како Ружди“.

Хочул остро го осуди нападот врз писателот, додавајќи дека „важно е луѓето да се чувствуваат слободни да зборуваат и да ја пишуваат вистината“.

Чак Шумер, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, остро го осуди денешниот напад врз Ружди.

„Ова е напад врз слободата на говорот и мислењето, напад врз основните вредности на оваа земја. Се надевам дека господинот Ружди ќе закрепне брзо и целосно и дека сторителот ќе биде праведно казнет“, напиша Шумер на Твитер.

Познати автори и писатели на Твитер објавуваат пораки со поддршка Ружди, меѓу кои и  Стивен Кинг, Џ.К. Роулинг, Нил Гејман и Најџела Лосон.

Ружди денеска требаше да зборува во институтот Чаутаука во државата Њујорк за САД како азил за писатели и уметници, „како место за креативно изразување“, соопшти институцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО