14.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Политичари, интелектуалци и видни личности од државата ѝ ја честитаа на МПЦ-ОА тукушто добиената автокефалност по 55-годишниот раскол со српската православна црква

НАЈЧИТАНО

Политичари, интелектуалци и видни личности од државата ѝ ја честитаа на МПЦ-ОА тукушто добиената автокефалност по 55-годишниот раскол со српската православна црква. Претходно утринава, стигнаа и честитките за денешниот големи православен празник на солунските браќа свети Кирил и Методиј.

Премиерот Димитар Ковачевски од Рим порача:

– Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме светите браќа Кирил и Методиј да ја добиеме и автокефалноста на нашата држава, како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство и духвната величина на древната Охридкска Архиепископија и како автентичен дел на македонскиот идентитет.

Пендаровски и Вучиќ

Претседателот Стево Пендаровски на Економскиот форум во Давос имал куса средба со неговиот српски колега Александар Вучиќ, на која ја поздравиле одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

Одлуката на Српската православна црква, наведе Пендаровски во честитката, ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија.

 

 

Бујар Османи

Шефот на дипломатијата Бујар Османи им честиташе на Македонците и на сите православни верници.

„Убава вест за Македонците, за сите православни верници, и за сите граѓани на Северна Македонија. Саборот на Српската православна црква (СПЦ) донесе правилна одлука со која ја прифаќа автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)“, наведува Османи на својата Фејсбук страница.

Христијан Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ честиташе порачувајќи обединето да чекориме кон заштита на нашиот идентитет.

„Да продолжиме да чекориме обединето. Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови.

После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија!“, напишал Мицкоски.

Крешник Бектеши

„Ова е важен настан за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани“, пишува министерот за економија во својата честитка.

„Со признавањето на МПЦ – ОА се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност“, додава тој.

Оливер Спасовски

Честитка упати и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?” – ова се зборови на Светите браќа Кирил и Методиј кои го отсликуваат овој радосен ден, ден на восклик, историски миг на исполнување на сонот на многу генерации“, напишал Спасовски.

СДСМ

 Партијата СДСМ испрати соопштение во кое се вели дека со гордост ја честита автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Ова е важен настан за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани. Со признавањето на МПЦ – ОА се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО