16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Познатиот српски ТикТокер Андрија Миливојевиќ (Wajwai) наводно е претепан пред неколку вечери во Смедерево

НАЈЧИТАНО

Познатиот српски ТикТокер Андрија Миливојевиќ (Wajwai) наводно е претепан пред неколку вечери во Смедерево.

Причината за нападот сѐ уште не е позната, а не постои ниту информација дали овој настан ќе добие судски епилог.

 

 

Со него таа вечер биле неговите другари и колеги, ТикТокерот Михаел Ибрановиќ од Хрватска, јутјуберот Милош Шариќ и неговиот син, јутјуберот и фризер Војислав Пањковиќ, пренесуваат српските медиуми.

Засега непознати лица вербално ги нападнале, а потоа и физички го нападнале најпопуларниот ТикТокер во Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, единствено Вајваи бил претепан, но не се знае зошто. Познато е само дека таа вечер со него биле и неговите пријатели.

Детали од бруталното претепување биле снимени и на мобилни телефони, па има снимки и фотографии од овој немил настан.

ТикТокерот првично негирал дека се случил целиот настан, но откако дознал дека постојат и видеа, дал изјава за медиумите:

– Ништо не се случи. Немам никакви повреди, ниту јас, ниту моите пријатели. Не знам зошто нè нападнаа. Не сакам да зборувам за тоа, би сакал снимките да не се објавуваат – рекол Андрија.

Меѓутоа, тој синоќа објави фотографии на својот инстаграм-профил покажувајќи ги повредите и модринките на лицето, а во описот на фотографиите напиша: „Верувајте им на медиумите“.

 

 

Вајваи популарноста ја стекна снимајќи видео-материјали за ТикТок, каде што има повеќе од 700.000 следбеници.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО