2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Познатиот сексуален злосторник имал одврзани раце за своите милионски трансфери

НАЈЧИТАНО

Анонимни жртви сексуално злоставувани од познатиот Џефри Епштајн, решија да тужат две познати светски банки, Дојче Банка и Џеј Пи Морган дека му ги одобрувале трансакциите и замижале пред својот клиент дури и по 2008 година кога тој беше осуден за сексуалните напади, пишува Би-Би-Си. Богатиот финансиер кој почина под неразјаснети околности е познат по тоа што во својот луксузен авион ги носел своите жртви, а притоа се дружел и со Доналд Трамп и други личност од американскиот џет-сет.

Како му прогледувале низ прсти познатите банкари на Епштајн? Па, Епштајн беше клиент на Џеј Пи Морган околу 15 години пред да го исклучат во 2013 година. Директорот Стејли негувал блиски врски со Епштајн и го посетил за време на неговото 13-месечно затворање поради пресудата за трговија со малолетна проститутка во Флорида во 2008 година.

Стејли, исто така, лобирал во банката Епштајн да биде задржан како клиент. Во 2013 година, Стејли го напушти Џеј Пи Морган за да се приклучи на американскиот хеџ фонд Блу Маунтен Капитал и го презеде раководството на Баркли кон крајот на 2015 година. Во 2020 година, британските финансиски власти започнаа истрага за неговите врски со Епштајн, при што Стејли, следствено, поднесе оставка како извршен директор на Баркли минатата година.

Врските пак, со Дојче банка датираат од 2013 година. Дојче банк му обезбедувала приватно-банкарски услуги на Епштајн помеѓу 2013 и 2018 година. Во 2020 година, Одделот за финансиски услуги на Њујорк ја казнил банката со 150 милиони долари поради неуспехот да ги следи активностите на нејзиниот клиент, кој беше регистриран за сексуален престапник.

Инспекторитете забележале сомнителни редовни повлекувања и плаќања во готовина во вредност од милиони долари, што Дојче банка требало да ги забележи, а не ги забележала.

Анонимните жртви во своите две тужби велат дека двете банки избрале да го игнорираат криминалното досие на Епштајн за да остварат профит од надоместоците за управување со неговите сметки. Притоа, тие учествувале во неговите операции за сексуална трговија со луѓе.

Епштајн почина во затвор во Њујорк во 2019 година додека го чекаше судењето за обвиненијата за сексуална трговија. Американските власти тврдеа дека тој извршил самоубиство. Во текот на својот живот, тој се дружеше со некои од највлијателните луѓе во светот, од американскиот претседател Бил Клинтон до принцот Ендру, па сѐ до основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО