25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Позанати првите 10 финалисти на Евровизија – Албанија, Хрватска и Словенија испаднаа

НАЈЧИТАНО

Синоќа се одржа првото полуфинале на Евровизија, а претставниците на 17 земји дадоа сѐ од себе за да се пласираат во финалето.

Сепак, гласовите пресудија, па познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Претставничката на Албанија, Ронела Хајати, беше видно вознемирена бидејќи не се пласираше во финалето на најголемото музичко натпреварување во светот, а истото расположение го имале и евровизиските фанови.

Втората полуфинална вечер ќе се одржи в четврток на 12 мај кога ќе настапи и македонската претставничка Андреа Коевска. Финалето е закажано за сабота, 14 мај.

Да потсетиме, во вечерашното прво полуфинале на Евровизија настапија 17 земји учеснички. Со свои песни се претставија Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО