22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци уште не е ставен под контрола, а од Центарот за управување со кризи се сомневаат дека тој бил подметнат

НАЈЧИТАНО

Пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци уште не е ставен под контрола, а од Центарот за управување со кризи се сомневаат дека тој бил подметнат. Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК за Телма изјави дека армискиот хеликоптер кој се упати кон Берово доцна попладнево извршил извиднички лет и не можел да интервенира врз опожаерната шума.

На пожарот ќе се интервенира, утре во раните утрински часови.

Според проценките на пожарникарите зафатени се над 50 хектари шума во непристапен планински предел. Засега, нема опасност по населените места, но има бачила и стока кои треба да бидат заштитени.

Пожарот ги потсети мештаните во малешевско-пијанечкиот крај на големиот пожар кој лани се случи во истиот регион на 2 август, државниот и национален празник на Македонија.

фотоизвор: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО