27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Пожарот кај Ѓавото се шири, граѓаните бараат помош

НАЈЧИТАНО

Пожарот на местото викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, заради ветрот и непристапноста и густата вегетација на теренот, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавото за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавото.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи на нивниот фб профил, побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места. Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување, сепак, хеликоптерот нема да полета денеска според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана.
Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавото.

Пожарот избувна во 13:30 часот во поле, а подоцна огнената стихија се прошири во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гансењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири ПП возила, а ангажирани се и уште три пожарникари кои се испратени од ТППЕ Гевгелија и четирир лица од Шумското стопанство од Гевгелија. Со пожарот зафатен е прнар и нискостеблеста шума.

За справување со пожарот помагаат и вработени од Општина Богданци и мештаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО