-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Под подот на кујната пронашле златници во вредност од 754.000 фунти

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Британска двојка пронашла повеќе од 260 древни златници скриени под подот на кујната и ги продала на аукција за 754.000 фунти, објавија британските медиуми.

Колекцијата била скриена во тенџере под даските на куќата на неименуваната двојка од 18 век во Елерби, Источен Јоркшир. Колекцијата која датира од 1610 до 1727 година е пронајдена пред три години, објави The Independent.

Златники првично припаѓал на семејството Фернли-Мајстерс од градот Хал. Семејството било познато по увоз и извоз на дрва, железна руда и јаглен, а некои членови подоцна служеле како пратеници во парламентот во раните 1700-ти.

Џозеф Фернли и Сара Мајстер се венчале во 1694 година и живееле во село во источен Јоркшир. Парите парот ги собрал за време на бракот. Џозеф умрел во 1725 година на 77-годишна возраст, додека Сара починала на 81-годишна возраст во 1745 година и „семејната лоза набрзо згаснала“.

Spink & Son, аукционерите кои ги продадоа златниците, ја нарекоа конечната продажна цена „апсолутно извонредна“, при што колекцијата првично беше проценета на 200.000 до 250.000 фунти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Филмска потера во Србија: Четворица киднапирале млад човек, барале 200.000 евра откуп

Младо момче (18), кое четворица киднапери, од кои едниот малолетник, насилно го внеле во автомобил, а потоа од родителите побарале 200.000 евра како откуп,...

Балканот го зафати снежно невреме: Во Србија над 25.000 луѓе останаа без струја

Патиштата беа затворени, а повеќе од 25.000 луѓе во Србија останаа без струја поради бурните ветришта и снежното невреме во неделата, додека во Црна...

Ева Лонгорија во слободното време се колне во модните тренерки

Холивудската актерка Ева Лонгорија секогаш е негувана од глава до пети на црвените теписи, а во слободното време повеќе сака да скока во нешто...
spot_img
spot_img
spot_img