16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Поднесено е обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот

НАЈЧИТАНО

Првоосомничениот Анџело Ѓорѓиевски, второосомничената Климентина Лефковска и третоосомничениот Андреј Костовски се гонат за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој по неколку удари во главата почина пред влезот на скопската дискотека „Привилиџ“ во Градскиот парк.

Основното јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен акт против тројцата осомничени за кривичното дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, информираше ОЈО.

Побарано е продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.

– Сѐ уште постојат околности поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата – велат од Обвинителството.

Хрватскиот интернационалец Тот, кој играше на позицијата десен бек, премина во скопскиот суперлигаш „Бутел“ пред почетокот на оваа сезона, откако претходно настапуваше за Охрид. Во кариерата го носеше и дресот на хрватските клубови Ѓаково, Пореч и Бјеловар, Адемар Леон (Шпанија) и Брик (Австрија).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО