24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје

НАЈЧИТАНО

Бугарскиот премиер Кирил Петков влезе во стапица на бугарските националисти за време на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, вели поранешниот специјален претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“.

– Според мене, бугарскиот премиер се најде во стапица. Не сакајќи да ги остави националистите да ја водат приказната околу евентуалниот компромис со Македонија, тој практично беше изложен на еден притисок и од нашата домашна јавност кај која загуби дел од симпатиите, бидејќи голем дел од нас веруваше дека неговиот пристап е вистинскиот начин како да дојдеме до одржливо решение – рече Бучковски.

Тој смета дека во овој момент и самото бугарско општество не е созреано да прифати одблокирање на евроинтегративниот пат на Македонија и со тоа се врши притисок на прогресивните сили во Бугарија.

– Сега е вистински проблем да изградиме систем, кој засега не функционира, на взаемно уважување, барајќи во такви околности некои точки кои може да нѐ поврзат. Во моментов, поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје. Сметам дека треба да побараме и ние гаранции за заштита на идентитетот и ова да премине во надградба на договорот за пријателство – рече Бучковски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО