-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Погодена зградата на руската воена управа

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Украинската офанзива на истокот продолжува. Најмалку едно лице загина, а друго е повредено како резултат на напад на Вооружените сили на Украина врз центарот на Херсон со американски ракети ХИМАРС, јави дописникот на РИА Новости. Најмалку пет гранати експлодирале во реонот на регионалната руска администрација која раководи со градот.

Еден од проектилите директно ја погодил зградата на Воената управа, изјави за РИА Новости Екатерина Губарева, заменик-шефица на воено-цивилната администрација. Таа појасни дека Ала Бархатнова, раководителка на одделот за труд и социјална политика е повредена, а дека нејзиниот возач починал.

Според Губарева, за време на нападот се одржал состанок во администрацијата на кој учествувале началниците на градските и општинските окрузи. Таа го нарече нападот „гнасен терористички чин“.

Сега спасувачите ги расчистуваат урнатините, а властите ги предупредија жителите за можноста од втор напад.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон. Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира...

Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот...

Граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање...

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со...
spot_img
spot_img
spot_img