14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Погледнете што му прави грозјето на вашето тело

НАЈЧИТАНО

Јадењето грозје може да го подобри здравјето бидејќи содржи голема количина на различни хранливи материи. Сепак, умереното консумирање е важно поради високата содржина на шеќер.

Ја подобрува меморијата
Антиоксидансите во грозјето помагаат да се намали оксидативниот стрес во мозокот. Ги подобруваат когнитивните функции и штитат од губење на меморијата за време на стареењето. Грозјето, исто така, го подобрува протокот на крв во мозокот, што ја подобрува концентрацијата.

Спречува воспаление
Хроничното воспаление е поврзано со рак, срцеви заболувања, астма, дијабетес и артритис, меѓу другото. Антиоксидансите како што се витамините Ц и К, полифенолите, катехините и антоцијаните го намалуваат воспалението, тврдат експертите. Црвеното грозје е богато со ресвератрол, кој ги штити крвните садови и штити од оксидативен стрес и воспаление.

Го подобрува крвниот притисок
Јадењето грозје може да помогне во одржување на нормално ниво на крвен притисок бидејќи ова овошје е богато со калиум што помага во намалување на крвниот притисок.

Подобро спиење
Грозјето содржи мала количина на мелатонин, хормон кој го регулира сонот, па може да го подобри квалитетот на сонот. Јадете малку грозје еден или два часа пред спиење.

Посилен имунитет
Витаминот Ц, бета каротенот и кверцетинот го прават грозјето одлично овошје за зајакнување на имунитетот. Како што нагласуваат експертите, колку е посилен имунитетот, толку телото е поподготвено да се бори против болестите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО