9.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Повеќе од 5,2 милиони деца и адолесценти ширум светот изгубиле родител или старател како резултат на пандемијата со коронавирусот

НАЈЧИТАНО

Повеќе од 5,2 милиони деца и адолесценти ширум светот изгубиле родител или старател како резултат на пандемијата со коронавирусот, покажа студијата заснована на записите од достапните податоци за смртните случаи до есента 2021 година. Врз основа на математичките модели, истражувачите процениле дека во периодот од 20 месеци од 1 март 2020 до 31 октомври 2021 година, најмалку 3.367.000 деца се соочиле со родителска загуба како резултат на пандемијата.

Податоците од меѓународните истражувања беа собрани од различни универзитети ширум светот. Британските експерти ги објавија во февруари во „The Lancet Child & Adolescent Health“. Дополнителни 1.833.300 деца во пандемијата ги загубиле своите баби и дедовци или други возрасни старатели, се вели во написот.

Истражувачите забележаа дека овие бројки се речиси двојно повеќе од проценките објавени по првите 14 месеци од пандемијата, до април 2021 година. Тие предупредуваат дека овие млади луѓе се особено изложени на зголемен ризик од ментални и физички болести, негативните ефекти врз нивното образование и последици поради губење на семејните врски.

Разлики меѓу регионите

Тие, исто така, открија огромни регионални разлики: бројот на деца кои изгубиле родител или старател во 20-те проучувани земји се движел од 2.400 во Германија до повеќе од 1,9 милиони во Индија и 192.000 во Мексико.

Во САД, 149.300 деца изгубиле мајка или татко за време на пандемија, а во Перу и Јужна Африка, осум деца од секои 1.000 ги изгубиле своите родители, покажа студијата. Од собраните податоци, јасно е дека мажите имаат поголема веројатност да починат од ковид-19 отколку жените: податоците покажуваат дека децата го изгубиле својот татко во 75 проценти од случаите.

Резултатите од истражувањето исто така покажаа дека 67 отсто од малолетниците кои ги загубиле своите родители или старатели во пандемијата биле на возраст меѓу 10 и 17 години. Доколку се подобри квалитетот на собраните податоци, сегашните бројки би можеле да се зголемат бидејќи експертите веруваат дека во многу делови од светот, бројот на непријавени смртни случаи од ефектите на ковид-19 е исклучително висок.

– Ажурираните податоци во реално време сугерираат дека до јануари 2022 година, вкупниот број на деца кои изгубиле родител или старател во пандемија достигнал дури 6,7 милиони – рече водачот на студијата д-р Џулиет Унвин од Империал колеџ во Лондон, која ги состави податоци.

Таа предупреди дека пандемијата сè уште беснее низ целиот свет, што значи дека бројот на деца во светот кои ќе останат без близок член на семејството ќе биде уште поголем. Во студијата, истражувачите од Лондон ги користеа достапните официјални податоци за смртните случаи од коронавирус во светот, како и прекумерната смртност, и го искористија ова како основа за математички модели.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО