2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Повеќе од 500 домашни и странски стрипови ќе бидат поделени

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер” во рамки на „Ден на бесплатни стрипови”. По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер” повторно организира „Ден на бесплатни стрипови”. Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во „Ден на бесплатни стрипови” се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен”. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа.

Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер” ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби” еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img