18.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Побрз проток на патници и на бизнисот на ГП Табановце

НАЈЧИТАНО

Примената на заедничкиот премин го забрзува протокот на патници, но и на товарниот сообраќај, заедничката точка помеѓу граничните премини Табановце од македонска и Прешево од српска страна е позитивен пример како регионално се соработува оценија денеска министрите за транспорт и врски и за градежништво, транспорт и инфраструктура на Северна Македонија и Србија, Благој Бочварски и Томислав Момировиќ кои го посетија граничниот премин. Министрите со претставници на царинските управи, како и со секретаријатот за транспортна заедница ја посетија и отворената посебна лента за земјите од Отворен Балкан за компаниите, кои работат увозно-извозни постапки од трите земји, авторизирани економски оператори и зелените коридори од земјите од ЦЕФТА. Лентата сметаат надлежните го подобрува, забрзува и ги олеснува постапките помеѓу двете држави на коридорот 10.

Во моментов функционираат пет ленти за патнички, две за товарни и една за автобуси. Надлежните најавија отврање на две излезни летни, во скоро време.

– И очекуваме многу наскоро да оспособиме уште две излезни ленти да ги направиме способни за влез на патнички возила, со што сметаме дека дополнително ќе го олесниме протокот на возила во овие жешки времиња на одмори каде што имаме голем проток на возила – изјави директорката на Царинската Управа, Славица Кутиров.

Таа појасни дека царинските управи на двете земји, работат на олеснување на повеќе процедури.

Министерот Бочварски рече дека преминот е доказ за партнерскиот однос меѓу двете земји со кој ја олеснуваме размената и транзитот на стока и патници.

– Имавме одлична можност директно да се запознаеме со една од придобивките на концептот на Отворен Балкан, иницијатива што ја промовираа претседателите на нашите Влади и кој започнавме многу успешно да ја спроведуваме. Со примена на таканаречено „едно застанување на граница“ значително се намалени постапките за влез и излез од двете земји, посебно за товарниот транспорт каде се воведени и зелени ленти за брз проток на стока. Со реконструкцијата на граничниот премин и воведувањето на овој концепт на работа, намалено е времето на чекање, царинските и граничните процедури се поедноставени, а поминувањето на границата е забрзан – кажа министерот.

И тој најави отваарње нови ленти на излезот. Бочварски рече дека со воведувањето на електронскиот систем на наплата на патарина долж трасата на Коридор 10, елиминиран е застојот.

– Во делот на патниот Коридор 10 ја имаме најдобрата и најбрзата рута од Северна Европа до Југоисточна Европа и оваа предност на Коридор 10 и даваме посебно значење токму преку овој концепт на брз проток на стока и патници на граничните премини – рече министерот. Заблагодарувајќи се на царинските и полициските службеници, кажа дека Отворен Балкан е чекор напред во подигнување на соработката на повисоко ниво.

– Во делот на железничката инфраструктура имаме проект за изградба на заедничка железничката станица овде на Табановце. Со проектот се предвидува One stop shop каде на едно место ќе се овозможат сите царински и гранични постапки заради брз проток на патници и стока, по истиот принцип како и овој што сега го посетивме. Проектот е изготвен, очекуваме да се дообезбедат финансиски средства и да започнеме со реализација на овој значаен проект – рече Бочварски.

Во изјавата за медиумите потсети за потпишаниот договор за реконструкција од Ногаевци до Неготино со што се овозможува брза транспортна врска кон солунското пристаниште. Според него важно е водејќи се од иницијативата за Отворен Балкан да се создаде можности за компаниите и граѓаните, за целосна либерализација на транспортните услуги и непречен заемен пристап кон транспортните пазари на земјите од оваа иницијатива. Тој кажа дека Република Северна Македонија останува партнер со соседите во креирање на заеднички политики и мерки за зголемување н

– Дополнителен стимул ни дава и отпочнувањето на процесот на преговори со Европска Унија како единствен пазар и иднина за граѓаните – рече Бочварски.

Неговиот колеа Момировиќ изјави дека токму на овој премин се забрзува сообраќајот. Според негови податоци за претходниот месец поминале дури 133.000 патнички возила.

Неговиот колеа Момировиќ изјави дека токму на овој премин се забрзува сообраќајот. Според негови податоци за претходниот месец поминале дури 133.000 патнички возила.

– Мислам дека овде се гледа колку Отворениот Балкан, е потребен јас би рекол неопходен. Ова е најголем проект за последните 30 години кои ги почнаа највисоките претставници на Србија, Северна Македонија, Албанија. Ние мора да продолжиме на развојот на тој проект. Секако, Србија и Северна Македонија се на цврст европски пат, на примарен политички цел е да станеме дел од ЕУ, но важно е и поврзување на регионот, ако ние бидеме, ако ние имаме граница која не се чувствува во административна смисла, најдобра граница е она на која луѓето можат слободно да поминат и ако ние не направиме такви граници, едноставни гранични процедури ќе ја осудиме нашата економија на стагнација, ќе ги осудиме нашите работници на релативно ниски плати и тешко ќе го достигнеме високото европско ниво, а тоа е наша примарна цел ЕУ – рече Момировиќ.

И тој се осврна на вложувања во железницата, укажувајќи дека е важно за економијата и дека на тој начин ќе се поддржат компаниите.

– Зборуваваме за вложувања во железничката инфраструктура. Основа за развој на економијата е развиена железничка инфраструктура. Како што знаете со брза пруга ги споивме Нови Сад и Белград се стигнува за половина час, цел ни е да се поврзат Белград и Ниш, ама цел ние да се поврземе и со пријателите од Република Северна Македонија. Замислете кога целиот карго сообраќај кој поминува низ Суецкиот канал го истовариме некаде во Грција и со развиена железница се превезе во Средна Европа. Колку време ќе се заштеди, колку компаниите ќе заштедат пари, колку работа ќе се отвори за српските, македонските компании. Сето тоа го можеме како браќа, како пријатели почитувајќи се едни со други, почитувајќи ги заедничките интереси – рече Момировиќ.

Директорот на секретаријатот а Царинската Управа Матеј Закошњек, кажа дека заедничките премини се најдобар начин за намалување на времето на чекање на премините и за зголемување на капацитетите.

– Како што знаеме, нашите граѓани, посетители, бизнисот чекаа премногу на граничните премини на Западниот Балкан. Без разлика на тоа колку е добра нашата инфраструктура, колку е современа, патиштата, железниците, ако не ја користиме оваа инфраструктура, ако бизнисите, луѓето чекаат предолго на граничните премини, затоа заедничките премини се најдобар начин за намалување на чекањето и зголемувањето на капацитетите. И како што кажа министерот Момировиќ, мора да инвестираме во железниците, железничкиот коридор 10 тука не само што ја поврзува Северна Македонија со Србија туку поврзува Грција, Северна Македонија, Србија, Унгарија, Хрватска и останатите делови од Европа и тоа сакаме да постигнеме модерни железници, модерни ГП, кои ќе придонесат што повеќе товар да се превезе преку железниците. Тоа ќе биде за сите добро, за граѓаните за безбедноста на патиштата за животната средина, за сите – рече Закошњек и рече дека останува поддршката на ЕК на ЕУ.

Што се однесува до најавите за отвораење. на граничен премин во Лојане кон соседна Србија, директорката Кутиров рече дека во тек се проектите за отворање нови гранични премини со соседните држави и на забрзување на концептите One stop shop. Таа не можеше да каже кога ќе се отвори преминот кај Лојане, бидејќи се темели на билатерална соработка, но интенција на сите е да се забрза протокот на граѓани, стоки.

– Веќе ја отворивме и иницијативата да отвориме едно застанување на и на граничниот премин Пелинце-Прохор Пчински само за патнички возила. Сметаме дека овде е направен речиси максимумот што може да се направи за забрзување на протокот – нагласи Славица Кутиров, директорка на Царинска управа.

Двете ленти на ГП Табановце, појасни директорката брзо ќе се направат, бидејќи има потребна инфраструктура кабини.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО