7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Победникот на Евровизија ја бакна девојката и отиде во војна

НАЈЧИТАНО

Фронтменот на украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кој во саботата победи на Евровизија, вчера е снимен како се збогува со девојка пред да се врати во Украина, каде што, пишува британски „Дејли мејл“, ќе ѝ се придружи на украинската војска на првата линија на фронтот.

Олег Псиук, фронтменот на украинската фолк-рап група „Калуш оркестра“, вчера е снимен пред хотелот во којшто престојувал во Торино додека се поздравува со својата девојка Олександра.

Како што пишува „Дејли мејл“, Псиук по трогателниот и јавен поздрав, се вратил во Украина и се приклучил на првата линија на фронтот.

 

Потсетуваме, Украина во саботата победи на Евровизија, додека Велика Британија заврши на второто место, а Србија беше петта.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи набргу по објавувањето на резултатите, поздравувајќи ја победата и дури вети дека наредната година натпреварот ќе се одржи во Мариупол.

ФОТО: Твитер/Јутјуб

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО