25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Пливач бил буквално до пола проголтан од 4,5 метарска бела ајкула на плажа во заливот Лилт близу Сиднеј

НАЈЧИТАНО

Пливач бил буквално до пола проголтан од 4,5 метарска бела ајкула на плажа во заливот Лилт близу Сиднеј, а преплашени рибари и очевидци кои го слушнале неговото врескање успеало да го снимат грозоморниот настан. Набргу потоа пристигнале спасувачките хеликоптери и водни скутери кои ги нашле останките од телото на пливачот, вклучително и неговиот костум, пишува ДејлиМејл.

– Некој штотуку беше изеден од ајкула. О човече, ова е лудо! Тоа е голема бела ајкула – рекол еден рибар на видеото.

– Слушнав крик и ајкулата го гризна, а телото беше веднаш до карпите овде – рекол друг очевидец.

На местото на настанот излегле четири екипи на брза помош и еден спасувачки хеликоптер со лекар за интензивна нега и болничар. Според локалните медиуми, ова е прв смртоносен напад на ајкула во Сиднеј од 1963 година. Се претпоставува дека жртвата е жител кој добро ја познавал плажата и кој често пливал кон ’ртот.

– Кога стигнавме на местото на настанот, заклучивме дека нападнатиот пливач се здобил со катастрофални повреди. За жал, не можевме ништо да направиме за него – изјавила портпаролката на Брзата помош во Сиднеј.

Друг шокиран сведок се сеќава како ајкулата го влечела пливачот под вода, а нападот траел само неколку секунди.

– Ајкулата не сакаше да запре. Беше многу вознемирувачко. Тој само отиде на капење, да ужива во денот, а ајкулата му го одзеде животот – рекол еден од очевидците.

Литл Беј Бич е затворен бидејќи полицијата продолжува да ја пребарува областа. Сите плажи во општина Рандвик ќе бидат затворени во следните 24 часа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО