24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Планот за атентат бил договорен уште на 3 февруари

НАЈЧИТАНО

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, добил инструкции за ликвидација на највисоките украински функционери на 3 февруари, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, тврди секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ) Алексеј Данилов, пренесува Укринформ.

Според украинскиот безбедносен претставник, на состанокот бил договорен план за атентат на претседателот Володимир Зеленски, а Кадиров ветил дека неговата чеченска единица ќе ја изврши мисијата. Данилов, исто така, изјави за Радио НВ дека украинската разузнавачка служба ги следела овие процеси и дека три групи биле распоредени во Украина на 26 февруари за да ја исполнат таа задача.

Како што наведе, од почетокот на војната на 24 февруари на групите им биле потребни два дена да се распоредат, бидејќи се верува дека чекале „зелен коридор“ за безбедно да стигнат до седиштето на владата во Киев.

– Ги следевме сите три групи. Едниот беше елиминиран од нашата војска, а другите две групи подоцна се повлекоа од нашата земја. Едната група сега е во регионот Доњецк, другата во градот Мариупол, но тие не се на линијата на фронтот, туку во третиот или четвртиот ешалон, каде што е сосема безбедно – рече Данилов.

Украинскиот безбедносен функционер напомена и дека не знае каде се наоѓа Кадиров во моментот.

– Можам со сигурност да кажам дека тој никогаш не бил овде. Сите овие монтирани фотографии, за кои се претпоставува дека се во воената зона, се целосна глупост – додаде Данилов, според Укринформ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО