25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Пејачката Неда Украден откри каков маж сака во животот, а веќе долги години е слободна жена

НАЈЧИТАНО

Пејачката Неда Украден откри каков маж сака во животот, а веќе долги години е слободна жена.

Неда за српски „Експрес“ откри дека се обидувале да ја освојат мажи од различни возрасти, а рекла и што мисли за тоа.

„Им се допаѓав и помладите и постарите. Не би сакала да биде таква разлика, да можам да го родам. Не значи дека тоа е врвна морална мисла, но не би сакала да бидам нечија мајка“, рекла таа и додала дека не ѝ е важен изгледот на нејзиниот иден партнер, туку неговата личност и интелигенција.

 

„Кога би можела да дадам толку едноставен одговор, веројатно би имала некого покрај себе. Секоја доба во која се наоѓав имаше свои предности и недостатоци. Сега би барала нешто поинакво. Зрелоста носи друг вид на размислување“, рекла Неда.

„Тој мора да биде многу, многу интересен, духовит, паметен, да му се восхитувам, да биде успешен, да не биде иксомплексиран, да биде човек кој знае и што е добро вино и квалитетна храна и убав цвет и поддршка и комплимент… И дека знае кога тгреба да удри со тупаница на масата! Сето ова е услов на сите услови. Бојата на очите и висината се сосема неважни“, додала таа. Освен карактеристиките што ги набројала, најважно ѝе нејзиното здравје.

„Сега кога ја гледам масата полна, кога ги гледам моите внуци како растат, кога ќе ми влетаат во станот, па сите се гушкаме од вратата, тоа е радост. Со сета моја виталност, енергија, воодушевување и ентузијазам, што човек повеќе може да посака нешто освен здравје. Што е можно подолго да уживам во моите песни и во семејството е мојата најголема и единствена желба“, рекла таа.

 

Неда беше во брак со режисерот Милан Билбија, кој беше 14 години постар од неа. Тој почина во 2013 година на 77-годишна возраст од мозочен удар, а оттогаш пејачката ретко зборува за својот љубовен живот. Заедно ја имате ќерката Јелена.

ФОТО: Инстраграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО