18.1 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Пет намирници кои кардиолозите ги јадат за здраво срце

НАЈЧИТАНО

Ако некој знае како да се грижи за срцето, знае.

Ако се прашувате која храна спаѓа во категоријата „добра за здравјето на срцето“, Американското здружение за срце ги советува DASH и медитеранската исхрана. Фокусот е ставен на разновидна свежа храна, цели зрна, јаткасти плодови, риба, пилешко и мисирка и млечни производи со малку маснотии. Она што може да ве изненади е фактот колку вкусни јадења се кријат на оваа листа.

Бидејќи здравјето на срцето е секогаш еден од приоритетите, неколку кардиолози ги издвојуваат намирниците кои секогаш ги имаат во кујната и кои помагаат да се подготват вкусни и здрави оброци за кратко време.

1. Маслинки
Веројатно имате масло за јадење, но дали имате маслинки во нивната оригинална форма? „Маслинките се полни со антиоксиданси, малку јаглехидрати и богати со здрави мононезаситени масни киселини. Сите се квалитети кои можат да го намалат лошиот холестерол, но го зголемуваат нивото на добриот холестерол и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања“, вели д-р Сатит Бусри, кардиолог од Њујорк. Секогаш ги има во кујната и сака да ги јаде како предјадење или да ги додава во разни јадења.

2. Лосос
„Јадете риба“, советува д-р Леонард Пјанко, кардиолог во Кардиоваскуларниот центар во Флорида.

„Лососот е секогаш во мојата кујна и е една од намирниците што секогаш со задоволство им ја препорачувам на пациентите бидејќи помага во одржување на здравјето на срцето и е многу вкусен“, додава тој. Но, лососот не мора да биде единствената риба што ја јадете, секоја што содржи омега 3 масни киселини е добра за здравјето на срцето. Истражувањата покажуваат дека таквата храна го намалува ризикот од хронично воспаление, а последица е помал ризик од развој на срцеви заболувања, објасни Пјанко.

3. Зелен лиснат зеленчук
Од кељ до спанаќ, не можете да претерате со консумирањето на овие намирници.Д-р Џон Озборн.

4. Грав
Покрај зелениот лиснат зеленчук, Озборн секогаш има полн грашок во кујната и се обидува да го додаде во повеќето оброци за да ја замени повеќе калорична храна како месо и маснотии. Покрај тоа што се лесно достапни, тие ќе додадат добра доза на протеини во секој оброк, а може да се подготват како чорби, салати и сосови. Тие содржат малку калории, но многу влакна, минерали и витамини и други фитонутриенти и ќе помогнат во намалување на холестеролот и контрола на крвниот притисок, намалување на ризикот од развој на срцеви заболувања.

5. Јаткасти плодови и семиња
Како овошјето и зеленчукот, вашето тело ќе добие многу хранливи материи со консумирање на овие намирници.

„Секогаш дома имам семки, бадеми, јаткасти плодови и овес“, вели кардиологот Елизабет Клодас. Овие намирници често ги комбинира со овошје, а резултатот е оброк полн со влакна, омега 3 масни киселини, антиоксиданси… За да го извлечете максимумот од нив, треба да ги консумирате во текот на денот, па додадете ги во најмалку два оброка. пишува Ординација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО