7.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Пет дена лекување со лекот Паксловид за ковид-19 не му помогнаа туку му ги влошија симптомите на познатиот доктор Ентони Фаучи, првиот човек за справување со пандемијата во САД

НАЈЧИТАНО

Пет дена лекување со лекот Паксловид за ковид-19 не му помогнаа туку му ги влошија симптомите на познатиот доктор Ентони Фаучи, првиот човек за справување со пандемијата во САД. Фаучи има 81 година и дури две бустер дози. Контроверзниот имунолог кој беше обвинет за вмешаност во експеримент за наводно вештачко создавање на коронавирусот во лабораторија заедно со кинескиот институт во градот Вухан сега повторно е на тапет во медимуите.

Фаучи изјави дека по петте дена земање на лекот, кој се смета за врвна терапија за ранливите лица, три дена бил негативен, а потоа симптомите се вратиле. Паксловид во САД беше одобрен во декември минатата година од Управата за храна и лекови.

Но, овој феномен им е познат на научниците. Тој се вика „отскокнување на Паксловид“. Голем број пациенти веќе пријавиле слично искуство. Исто така, враќањето на симптомите не значи дека сте повторно позитивни. Ова „отскокнување“ трае меѓу два и осум дена. Се смета дека ваквиот процес, кој експертите сметаат дека е природен, се јавува кај сите кои го земаат лекот, без разлика колку пати биле вакцинирани.

Фаучи рече дека се чувствувал „навистина лошо“, а неговите симптоми биле многу полоши ден или два по скокот. Тој започнал втора доза земање на Паксловид.

Фаучи беше еден од првите луѓе во Соединетите држави што прими вакцина против ковид, велејќи дека тоа е „симбол за остатокот од земјата“. Тој не беше позитивен во текот на пандемијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО