14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Петличковски: Кичевецот кој е суспектен на мајмунски сипаници одбива да се тестира

НАЈЧИТАНО

Кичевецот кој е суспектен на мајмунски сипаници одбива да се тестира, информира денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.

– Здравјето е колективна и индивидуална одговорност на сите жители на државата. Овој случај се јавил на доктор завчера и веднаш била остварена комуникација со инфектолози и епидемиолози, по што е поставено и сомневањето и му било понудено тестирање кое тој го одбил – рече д-р Петличковски.

Тој додаде дека инфектолог од Битола два пати бил во местото на живеење на суспектното лице, каде е разговарано и со членовите на семејството и објаснето им е дека тестирањето е во интерес на сите. Петличковски додаде дека немаат законска моќ некого да присилат да биде тестиран.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО