4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Песков му одговои на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој во видеобраќање на форумот во Давос рече дека не знае дали Путин е жив

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков му одговои на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој во видеобраќање на форумот во Давос рече дека не знае дали Путин е жив, пишува Тасс.

– Јасно е дека Русија и Путин се голем проблем за сегашната Украина и Зеленски. И јасно е дека, во чисто психолошка смисла, Зеленски би сакал да нема ниту Русија ниту Путин, но колку побрзо сфати, толку побрзо украинскиот режим сфаќа дека Русија и Путин постојат и ќе постојат – рече Песков.

Запрашан за коментарот на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев дека поразот на Русија во Украина може да предизвика нуклеарна војна, Песков рече дека ставот на Медведев е „целосно во согласност со руската нуклеарна доктрина“.

Кремљ денеска соопшти дека колку побрзо Украина ги прифати барањата на Русија, толку побрзо ќе заврши конфликтот. Според Песков, Русија ќе ги постигне своите цели „на овој или оној начин“ и за Киев би било подобро да ги прифати руските позиции и да се договори на преговарачката маса.

– Колку побрзо украинскиот режим ја изрази својата подготвеност да ги исполни руските барања, кои ќе се реализираат на еден или друг начин, толку побрзо сè ќе заврши и украинскиот народ ќе може да почне да се опоравува од оваа трагедија, која ја почна режимот во Киев – им рече Песков на новинарите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img