2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Песков вели дека Кремљ не прифаќа Трибунал за руските воени злосторства

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Кремљ денеска ги осуди плановите на Европска Унија за формирање на Трибунал за воени злосторства поради руската инвазија врз Украина, истакнувајќи дека такво тело би било нелегитимно и неприфатливо за Москва. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера најави дека ЕУ ќе се обиде да формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, за да ги истражи и гони евентуалните воени злосторства извршени од руските сили во Украина.

– Што се однесува до обидите да се формира некаков суд, тие нема да имаат легитимитет, нема да прифатиме и ќе го осудиме тоа – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Западот и Киев се залагаат за формирање на специјален суд за кривично гонење на руските воени и политички лидери кои ги смета одговорни за војната, како и за сторителите на воени злосторства.

Русија негира дека извршила воени злосторства и ги обвини украинските сили за кршење на меѓународното право и Женевските конвенции за време на, како што Москва ја нарекува својата „специјална воена операција”.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img