17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Перез: Мбапе не дојде поради политички притисок, му даваа луди работи

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез точно на полноќ меѓу среда и четврток гостуваше во познатото телевизиско шоу „Ел Чирингито“ во кое зборуваше за актуелни теми поврзани со кралскиот клуб.

Очекувано, најочекувано беше што ќе каже за случајот со Килијан Мбапе, со кој веќе беше договорен трансферот, но тој се предомисли и реши да остане во Пари Сен Жермен.

„Сонот на Мбапе беше да дојде во Реал Мадрид, но ситуацијата се промени поради политичкиот и економскиот притисок. На крајот рековме дека ова не е Мбапе каков што сакаме, тој го промени својот сон. Сè уште го ценам, се разбира, неговата мајка сакаше да дојде во Мадрид бидејќи тоа беше негов сон. Таа беше тажна. Ни кажаа дека и е срам поради тоа. Емануел Макрон му се јави на Мбапе, нема смисла“, рече Перез и додаде:

„ПСЖ му понуди да биде водач на проектот, тоа промени се. Никогаш повеќе не го видов истиот Мбапе каков што го посакувавме. Не е лесно кога ќе ви се јави претседателот на вашата земја, градоначалникот на вашиот град, па одите во Катар и тие ви нудат луди работи. После тоа се предомислил. Не потпишавме преддоговор со Мбапе поради Пари Сен Жермен, кој ќе мораше да биде информиран. Не сакавме да го зголемиме притисокот врз него. Ако Мбапе е ваков нека остане во ПСЖ. Ова не е Мбапе кој го посакував. Никогаш не реков дека е готово, за три години работите може да се сменат. Ова не е „мојот“ Мбапе, но тоа може да се промени. „Ниту еден играч никогаш нема да биде над клубот“, рече Перез.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО