20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Пендаровски тврди дека македонското небо е заштитено

НАЈЧИТАНО

Нема да се сретнам со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Бездникин, откри претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма.

– Имавме само две реченици разговор при положувањето на венци на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски. Тогаш се ракувавме и тој само ми рече дека се надева дека ќе се видиме во наредниот период. Но, нема да се видиме затоа што има една фраза која е содржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација, којашто гледам дека медиумите слабо ја објавуваат, дека тие кои се приспојуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Русија – рече Пендаровски.

Во однос на украинскиот дрон кој синоќа се сруши во Загреб, Хрватска, претседателот истакна дека сѐ уште не е познато кој точно го испалил леталото.

– НАТО во моментов внимава да не се сфати дека некој од Алијансата влегува во судирот во Украина. Дронот не бил вооружен, туку само служел за изведување активност. Леталото е помало од помалите авиони и лета пониско од комерцијалните авиони. Ќе покажат разузнавачките информации зошто не било детектирано на време. Во однос на Македонија, системите за детектирање постојат, меѓутоа знаете дека нашето небо го обезбедуваат други држави со подобри системи. Сами за себе не можеме да го обезбедиме небо. Нашите ресурси се лимитирани – информира Пендаровски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО