18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Пендаровски вели длабок е јазот меѓу Ковачевски и Мицкоски

НАЈЧИТАНО

Средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се одржува затоа што Мицкоски ја услови со договарање предвремени избори, што е неприфатливо, затоа што на прва средба за запознавање на лидерите не се поставуваат услови, изјави шефот на државата Стево Пендаровски за Канал 5, истакнувајќи дека тоа се информации што ги добил од премиерот.

Тој оцени дека јазот меѓу власта и опозицијата е толку длабок, што нему не му успеало ниту да ги собере на неформално дружење, заедно да го следат фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија.

– Од опозицијата ми одговорија дека веќе имаат договорено гледање фудбал на друга локација. Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за решавање на политички прашања- истакна  Пендаровски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО