18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Пендаровски веднаш се тестирал на ковид-19 по информацијата дека хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман е позитивен на коронавирус

НАЈЧИТАНО

Претседателот Стево Пендаровски веднаш се тестирал на ковид-19 по информацијата дека хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман е позитивен на коронавирусот откако минатата недела учествуваше на Преспа-форумот во Охрид каде што се сретна со македонскиот државен врв.

Од Кабинетот на Пендаровски за Плусинфо велат дека резултатот од ковид-тестирањето е негативен и дека кај шефот на државата не се развиени никакви симптоми на вирусот.

– Ве информираме дека претседателот Стево Пендаровски се тестираше за ковид-19, тестот е негативен и тој нема симптоми кои би упатувале на заболување со коронавирусот – ни одговорија од Кабинетот на претседателот.

Инаку, хрватското МНР денеска соопшти дека министерот Радман има благи симптоми на болеста, дека добро се чувствува и дека ќе работи од дома.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО